Дали имате настинка или грип? Есента и зимата носат зголемен број на вирусни инфекции, но важно е да знаете да ги разликувате – бидејќи грипот може да биде сериозна вирусна инфекција со потешки симптоми и побрз почеток.
Грипот, познат и како инфлуенца, е вирусна инфекција која ги зафаќа дишните патишта. Го предизвикува вирусот на инфлуенца, кој припаѓа на семејството Orthomyxoviridae. Постојат три главни типа на грип вирус: А, Б и Ц. Типовите А и Б се одговорни за сезонските епидемии, додека типот Ц предизвикува поблаги симптоми. Исто така постои и тип Д, кој е редок и не е чест кај луѓето.
Грипот од тип А се дели на подтипови според протеините на површината – хемаглутинин (H) и неураминидаза (N). Најпознати подтипови се H1N1 и H3N2, кои се поврзуваат со разни епидемии низ годините.
Симптоми на грип:
Симптомите на грип се појавуваат нагло, со брз почеток и често се многу поинтензивни од настинка. Инкубацијата трае 1 до 4 дена. Вообичаени симптоми се:
- Висока температура (над 38°C) со треска
- Болки во грлото
- Затнат или течење на носот
- Сува, упорна кашлица
- Болки во мускулите и зглобовите
- Главоболка
- Замор и слабост
- Кај деца – можно е да имаат и мачнина, повраќање и дијареа
Настинка или грип?
И грипот и настинката се вирусни заболувања на дишниот систем, но значително се разликуваат по симптомите, интензитетот и времетраењето.
Грип:
- Изненаден почеток
- Висока температура
- Силни болки во мускулите и зглобовите
- Сува кашлица
- Губење апетит
- Главоболка
- Општа слабост
Настинка:
- Постепен почеток
- Полесно општо чувство на болест
- Болки при голтање
- Течење на носот
- Кијање
- Воспалени очи
- Лесна до умерена кашлица
- Помали болки во телото
- Температура обично само кај деца
Грипот е почест во зимските месеци и поради својата висока инфективност може да доведе до епидемии, па дури и пандемии.