Меѓународно познатата шведска активистка Грета Тунберг учествуваше на протест доцна попладнево на плоштадот „Скендербег“, во Тирана, за да го крене својот глас за страдањата на палестинскиот народ предизвикани од Израел, објави Топ чанел.

Грета Тунберг во Тирана на протест во знак на поддршка на Палестина

Протестот започна во 18 часот а се одржа под мотото „Стоп на гладот, дозволете храна и живот“.

Иако бројот на учесници на овој протест не беше голем, учесниците гласно повикуваа на почитување на нивната кауза и крај на војната во Газа.

Во неколку моменти, активистката Тунберг извикувала на албански јазик – „Слобода за Палестина“.

Во изјава, шведската активистка ја истакнала алармантната хуманитарна ситуација во Газа, наведувајќи дека „Палестинците се во петтата фаза на неухранетост и ги користат своите последни сили за да ја подигнат меѓународната свест“. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни