Грета Тунберг обвини израелски војници за злоставување: „Ме удираа и шутираа“

Шведската активистка за климата Грета Тунберг изјави дека била физички нападната од израелски војници, откако била приведена на брод кој се приближувал кон појасот Газа во рамките на хуманитарна мисија.

Инцидентот се случил на почетокот на октомври, кога членовите на т.н. Глобална флотија „Сумуд“, меѓу кои била и Тунберг, превезувале помош за населението во Газа, кое со месеци се соочува со катастрофална хуманитарна состојба.

Според нејзиното сведочење за шведскиот весник Aftonbladet, израелските војници ја „удирале и шутирале“, а потоа ѝ ја ставиле израелската знаме преку телото, како чин на понижување. „Ми го симнаа шеширот, го фрлија на земја и го газеа од бес“, раскажала активистката, додавајќи дека ѝ биле врзани рацете и дека војниците правеле селфи фотографии со неа, додека со ножеви ги сечеле нејзините лични предмети.

Тунберг изјавила и дека во еден момент се појавил израелскиот министер од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, кој викал кон групата активисти:
„Вие сте терористи. Сакате да убивате еврејски бебиња.“

Активистката вели дека потоа била ставена во самица, полна со инсекти, и држена во изолација.

Израелското Министерство за надворешни работи ги отфрлило нејзините обвинувања како „дрски лаги“, тврдејќи дека никој од приведените не бил физички злоставуван. Сепак, според Тунберг, на дипломатите од шведската амбасада им биле потребни неколку дена да ги посетат уапсените државјани, а кога конечно дошле, не покажале посебен интерес за нивната состојба.

На прашање од новинарите, шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Стенергорд изјавила дека активистите „свесно се изложиле на голем ризик“ со учеството во мисијата на флотијата.

Инцидентот предизвика бурни реакции во меѓународната јавност, додека организациите за човекови права бараат независна истрага за постапките на израелските сили.

Грета Тунберг, позната по својата безкомпромисна активистичка борба за климата и човековите права, повтори дека нема да се заплаши:
„Нашата мисија беше да доставиме помош до оние кои страдаат. Ако тоа е злосторство, тогаш сите ние сме виновни.“

Извор:N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни