Грета Тунберг ќе присуствува на блокадата против хидроцентралите на река Дошница

Тунберг рече дека климата и конфликтите не се одвоени бидејќи зад двете стои насилен систем кој профитира од експлоатација и неправда

Грета Тунберг, познатата активистка, којашто од вчера престојува во Скопје, најави дека денеска ќе оди на блокадите против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница на Кожуф.

Тунберг, која овие неколку дена е на турнеа во регионот, синоќа беше дел на јавна дискусија во Социјалниот центар „Дуња’’ посветена на актуелната состојба во Газа, каде населението се соочува со глад и болести заради спречувањето на достава на храна и лекови. Таа ја посетува земјава еден ден откако македонскиот Парламент не даде поддршка за предлог-резолуцијата за хуманитарната ситуација во појасот Газа, со која се бараше Израел да дозволи влез на хуманитарната помош.

Тунберг, која стана позната како борец за заштитата на животната средина, денеска во видео објавено на социјалните мрежи рече дека еколошкиот активизам е поврзан со глобалните мировни движења потенцирајќи дека климата и конфликтите не се одвоени бидејќи зад двете стои насилен систем кој профитира од експлоатација и неправда.

„Она што се случува во Газа е дел од истиот глобален проблем“, истакна Тунберг во своето обраќање на социјалните мрежи.

На настанот за Палестина во Скопје таа не говореше, туку само ја проследи дебатата отстрана.

Претходно, на 23 јули, Тунберг учествуваше на протест на плоштадот „Скендербег“, во Тирана, за да го крене својот глас за страдањата на палестинскиот народ предизвикани од Израел.

На протестот, под мотото „Стоп на гладот, дозволете храна и живот“, бројот на учесници на овој протест не беше голем, учесниците гласно повикуваа на почитување на нивната кауза и крај на војната во Газа.

Во неколку моменти, активистката Тунберг извикувала на албански јазик – „Слобода за Палестина“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни