Гренланд, Земја со 150 км патишта, три семафори и најчист воздух на светот

Гренланд е рај за геолозите и климатолозите, но и за сите љубители на различни видови патувања, на кои ладното време не може да им го расипе уживањето во спектакуларната природа и уникатната култура на овој остров на прагот на Арктикот.

Гренланд е најголемиот остров на светот, земја на чудесна природа, парадокси и контрасти. На Гренланд, животот на Арктикот го делат Инуитите и потомците на скандинавските доселеници повеќе од еден милениум. Островот бил под власт на Данска векови наназад, сè додека на референдумот во 2008 година, мнозинството на Гренланѓаните не избраа поголема автономија, па сега Гренланд е официјално данска автономна територија.

Зошто Гренланд не е континент?
Иако Гренланд има импресивна големина од два милиони и скоро две стотици илјади квадратни километри, тој е остров, а не континент, бидејќи не се наоѓа на своја тектоничка плоча, туку е продолжување на Канадскиот штит, па географски тој всушност е дел од Северноамериканскиот континент.

Дали Гренланд е само лед?
Околу 80% од земјата на Гренланд е покриена со лед, а обработливата површина ja сочинува помалку од 1% од островот. Ледениот покривач на Гренланд е втор најголем на светот, надминат само од оние на Антарктикот. На некои места дебелината на ледот достигнува повеќе од 3,5 километри.

Најчист воздух и најчиста вода
Гренланд е познат по најчистиот воздух и најчистата вода на светот, благодарение на ледничките услови во кои и современиот човек мора да живее на различен начин.

Кога луѓето пристигнале на Гренланд?
Археолозите откриле докази за живеалишта на Гренланд кои датираат уште од пред 4.500 години. Постари изумрени култури биле заменети од Инуити кои се населиле тука пред околу илјада години. Денес околу 90% од населението се идентификува како Инуити.

Гренланд е најретко населеното место на Земјата
На Гренланд живеат нешто помалку од 60.000 луѓе, што го прави едно од најретко населените места на светот, со околу 0,03 луѓе по квадратен километар.

Само еден град не е на крајбрежјето
Повеќето жители живеат на западниот брег, а единствениот град кој не се наоѓа на крајбрежјето е Кангерлусуак, кој се наоѓа 160 километри од брегот.

Градот Nuuk има само три семафори
Градот Nuuk има околу 17.000 жители и е единствениот град на Гренланд со три семафори. Остатокот од островот има минимален број на патишта. На Гренланд има само 150 километри патишта, од кои само 60 километри се асфалтирани.

Гренландскиот пес
Гренландскиот пес е веројатно генетски најчиста раса на светот. Забрането е воведување на било која друга раса на Арктичкиот круг и источен Гренланд.

Спортови на Гренланд
Гренланд е предизвик за спортистите, каде се одржуваат некои од најтешките трки на светот. Трката на Арктичкиот круг и Nuuk маратон се само некои од спортските предизвици кои се одржуваат на островот.

Древните Гренланѓани го изградиле првиот кајак

Друг популарен превозен средство на Гренланд е чамецот. Традиционалното пловило на Инуитите, кајакот, било основно средство за ловците, а секој кајак бил внимателно направен да се прилагодува на телото на „кајакарот“. Терминот “кајак” потекнува од гренландската реч „кајак“, која стана глобално признат израз.

На Гренланд сите спортови се екстремни

Гренланд претставува предизвик и за спортистите. Тука се одржува веројатно најтешката трка на светот – Трката на Арктичкиот круг, тридневна трка што опфаќа 160 километри, изведувана во екстремни услови. Покрај неа, и Nuuk маратонот, иако се трчa во самиот град, е еднакво тежок како и другите трки кои се организираат низ Гренланд: Aasiaat (Маратонот на поларната ноќ), Kangerlussuak (Маратонот на Арктичкиот круг), Sisimiut, Ilulissat и Kakortok.

Трасата на Арктичкиот круг, која се протега од Kangerlussuaka до Sisimiuta, може да се прошета во лето. На таа патека има девет засолништа, но за се друго мора да се погрижите сами и да носите опрема која ви е потребна.

Што да јадете и пиете на Гренланд?

Традиционалната исхрана на Гренланд се базира на лов и риболов. На менито често можете да најдете китови, фоки, риба и морски плодови, мошусни бикови и ирваси. Денес, овие јадења често имаат модернизирани верзии, па можете да пробате хамбургер или тајландско кари со кит.

Меѓу современите иновации на Гренланд, вреди да се спомнат три занаетчиски пивари кои добија популарност: Godthaab Brighus во Nuuk, Kajak во Narsak на југот и Immiak во Ilulissat.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни