Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен денеска изјави дека со нетрпение ја очекува посетата на данската премиерка Мете Фредериксен задутре и дека Гренланд долго време ја посакувал оваа посета.
Тој вчера рече дека САД нема да го добијат Гренланд, одговарајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.
Посетата на Фредериксен има за цел да го зајакне единството со територијата на Арктикот.
Посетата доаѓа во време кога Гренланд доби нова коалициска влада, формирана по изборите на 11 март.
„Задоволство ми е што продолжува блиската соработка и довербата меѓу Гренланд и Данска со Јенс-Фредерик Нилсен, новиот премиер на Данска. Гренланд помина низ добар демократски процес и формираше влада на широка коалиција. За мене е важно да отидам таму што е можно поскоро и да го поздравам идниот кабинет“, се вели во соопштение на Фредериксен.