Греено вино со портокал: Омилен празничен пијалок, ќе ве стопли во најстудените денови

Грееното вино топли и опушта, а некои го нарекуваат народен лек.

Кога е ладно надвор или врне снег, нема ништо подобро од дружење со пријатели на греено вино. Топли и опушта, а некои го нарекуваат народен лек. Во продолжение го имате најдобриот рецепт за едноставна подготовка на овој пијалок.

Состојки:

1 литар црвено вино
15 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
1 кесичка цимет
1 лажичка мелено морско оревче
200 мл вода
1 портокал

Подготовка:
Во соодветно тенџере истурете вода, шеќер, ванилин шеќер, цимет, морско оревче и кора од портокал. Оставете да зоврие околу 10 минути на тивок оган. Потоа додадете еден литар вино и оставете да зоврие.

Истурете топло вино во чаши и послужете.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни