Освежително парче грејпфрут или сок од ова овошје може да има многу придобивки; полн е со витамини Ц и А, како и корисни минерали како што е калиумот. Но, пред да го земете ова овошје, треба да имате на ум дека има важен недостаток – грејпфрутот може да влијае на ефектот на голем број лекови.
Тоа може да влијае на лековите кои се користат за лекување на висок холестерол, анксиозност и депресија, проблеми со срцето и отфрлање на трансплантацијата на органи, известува IFL Science.
Јадењето грејпфрут влијае на овие лекови на два начина.
Премногу лек во телото
За повеќето лекови погодени од грејпфрут, ова може да доведе до ненормално високи нивоа на лекот во крвотокот. Тоа е затоа што сокот од грејпфрут реагира со ензимот во цревата наречен цитохром P450 3A4 (CIP3A4), кој е одговорен за разградување на многу различни видови лекови.
Соединенијата во грејпфрутот познати како фуранокумарини исто така се разградуваат со CIP3A4 – но добиените производи потоа се врзуваат за ензимот и неповратно го блокираат неговото дејство. Како резултат на тоа, повеќето од лековите на кои ензимот вообичаено делува завршуваат во крвотокот, а нормалната функција се обновува само кога телото произведува повеќе CIP3A4.
Луѓето имаат различни нивоа на CIP3A4 во нивните црева, така што влијанието на консумирањето грејпфрут може да варира кај поединци. Во некои случаи, нивото на лекот што завршува во крвотокот може да има сериозни несакани ефекти.
Премалку лек во телото
Исто така, откриено е дека грејпфрутот може да го направи одредени лекови помалку ефикасени, овојпат со таргетирање на различна група протеини: транспортерите на протеините кои ги „движат“ лековите во крвотокот од цревата. Таргетириајќи ги овие протеини, грејпфрутот го блокира тоа пренесување.
Еден од најчестите примери на лек погоден од ова е тип на антихистамин што се користи за лекување на поленска треска.
Последица на ова е дека лековите може на крајот да бидат помалку ефикасни од предвиденото, нешто што може да влијае врз вашето оздравување.