Туристите кои веќе тргнаа кон Егејот беа изненадени кога ги видоа износите на казните: неносење сигурносен појас: 350 евра, користење мобилен телефон при возење: 500 евра, паркирање на место за лица со попреченост: 1.000 евра, со можност за одземање на возачка дозвола.
И тоа не е сè – возењето под дејство на алкохол (а во Грција има нулта толеранција), поминувањето низ црвено светло или сериозното пречекорување на дозволената брзина, може да доведе до одземање на возачка дозвола за 6 месеци, а во потешки случаи до трајна забрана за управување со возило, конфискација на автомобилот, па дури и затворска казна.

Казните се праќаат дома – директно од паметни камери
Грците сериозно одлучија да ја стегнат казнената политика – воведени се паметни системи за откривање прекршоци, кои автоматски фотографираат возила и испраќаат казни на домашната адреса на сопственикот. Покрај класичните прекршоци, воведени се нови правила за возачите на електрични скутери и велосипеди, како и дополнителни ограничувања за младите возачи и оние кои возат камп-камп возила.
Грците, се чини, не планираат да попуштат, а ако планирате да го поминете летото кај нив – не заборавајте дека непочитувањето на правилата може да ве чини дури половина од вашиот одмор.