Грција гласа за контроверзната реформа: Владата предлага работен ден од 13 часа

Грчкиот парламент денес гласа за контроверзен закон кој овозможува 13-часовен работен ден до 37 дена годишно. Владата вели дека мерката е доброволна, но синдикатите ја осудуваат како ретрогадна и штетна

Пратениците во грчкиот парламент денес, во среда, треба да гласаат за контроверзна реформа со која десно-центристичката влада, под одредени услови, ќе дозволи работен ден од 13 часа — до 37 дена годишно.

Грција веќе беше делумно парализирана два пати, на 1 октомври и во вторникот, поради генерални штрајкови против законот, кој синдикатите го нарекуваат „достоен за Средниот век“.

Опозицијата и синдикатите остро се спротивставуваат на мерката што ја предлага министерката за труд и социјална сигурност Ники Керамес. Според неа, за 40% зголемена плата, работниците би можеле доброволно да работат и до 13 часа дневно кај истиот работодавач.

Во моментот, ваква можност постои само ако вработениот работи кај два или повеќе работодавачи. Законот во сила предвидува 8-часовен работен ден со максимум 3 часа прекувремена работа.

Законот веројатно ќе биде усвоен

Се очекува дека само владејачката партија „Нова демократија“ (НД) на премиерот Киријакос Мицотакис ќе гласа „за“, но тоа е доволно, бидејќи НД има 156 од 300 пратеници во грчкиот парламент.

Мерката, како што нагласува министерката, би се применувала само „до 37 дена годишно“ и на доброволна основа. Таа тврди дека изјавите на опозицијата за „13-часовен работен ден цела година“ се неточни и манипулативни.

„Ќе работиме ли сите 13 часа дневно секој ден? Не. Ќе може да се работи до 37 дена во годината, или просечно три дена месечно“, изјави Керамес за телевизијата Skai.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни