Грција со нов закон и нови правила за туристите

Изнајмувањето станови за одмор помогна во проширувањето на клучната туристичка индустрија во Грција, која во 2023. година сочинуваше 13% од бруто домашниот производ на земјата, но исто така го зголеми притисокот на трошоците за домаќинствата поради високите кирии, наведува агенцијата.

Вчера, пратениците во Грција започнаа расправа за предложениот закон кој ги заострува правилата за краткорочно изнајмување станови за туристите, вклучувајќи и забрана за користење и престој на преуредени складишни простори и подруми без прозори.

Реновираните складишта, подземни простори и поранешни индустриски објекти ќе бидат отстранети од платформите за изнајмување согласно предложените промени, пренесува АП.

„Подрумите повеќе нема да бидат дозволени за користење: просториите за изнајмување мора да служат како примарни простори за живеење, со природно светло, вентилација и климатизација“, изјави министерката за туризам, Олга Кефалојани.

Неколку опозициски пратеници ја обвинија владата на десниот центар за занемарување на социјалните трошоци и оптеретувањето на ресурсите предизвикано од растот на туризмот и повикаа на сеопфатни ограничувања за изнајмување.

„Дозволувате концентрација на краткорочни закупи во области популарни меѓу туристите. Тоа драстично го менува изгледот на населените места и ги раселува постојаните жители“, изјави левичарската пратеничка Калиопи Вета денеска во парламентот.

Проект-законот, кој исто така воведува подетални безбедносни и оперативни стандарди за изнајмување простори за одмор, треба да биде изгласан подоцна оваа месец.

Во Атина, пред една година беше воведена забрана за нови регистрации за краткорочен закуп во популарните области како што се Колонаки, Кукаки и Егзархија, а прекршувањата се казнуваат со 20.000 евра.

Изнајмувањето станови за одмор помогна во проширувањето на клучната туристичка индустрија во Грција, која во 2023. година сочинуваше 13% од бруто домашниот производ на земјата, но исто така го зголеми притисокот на трошоците за домаќинствата поради високите кирии, наведува агенцијата.

Владата во Атина соопшти дека целта на овие промени е да се изнајде баланс помеѓу предностите на туризмот и достапноста на станбен простор, а исто така се нудат и даночни олеснувања за сопствениците на недвижности кои ќе се откажат од краткорочно изнајмување. Грција очекува дека приходот од туризмот ќе достигне рекордни 22 милијарди евра во 2025. година, со предвидени 35 милиони туристи, според официјалните проценки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни