Грција го затвори Акрополисот, додека Јадранското Море достигнува рекордни температури

Фото: Spyros Kamilalis

Акрополис во Атина беше заторен на неколку часа, Јадранското Море бележи рекордни температури, а животните во зоолошките градини во Италија се хранат со сладоледи поради топлотниот бран кој ја зафати јужна Европа, пишува Си-Ен-Ен.

Министерството за култура на Грција донесе одлука Акрополис, најголемата културна атракција во земјата, да биде затворена по пет часа дневно, од 12 на пладне, поради што туристите тргнуваат кон атракцијата во раните утрински часови, додека активисти од Црвениот крст делат шишиња вода и информации за заштита од горештините.

Горештините во јужна Европа се последица на жешок воздух кој доаѓа од Африка, а кој според метеоролозите ќе продолжи до недела, кога се очекуваат температури до 43 степени Целзиусови.

Во Италија, двајца пожарникари загинаа обидувајќи се да гасат пожар на југот од земјата, а според властите 13 италијански градови се соочуваат со сериозни горештини. Старите и изменоштени лица се замолуваат да остануваат внатре, а по улиците се пуштаат прскалките.

За справување со горештините, зоолошката градина во Рим планира да им дава сладоледи на животните.

Климатските промени имаат клучна улога во топлиот бран кој ја зафаќа планетата, а според научниците ваквите топли бранови стануваат се подолги, почести и посилни.

Фото: Ivan Ivankovic/Pixabay

Во Хрватска, забележани се рекордни температури во Јадранското Море, каде што температурата на водата достигнува и до 30 степени Целзиусови покрај Дубровник.

Во Србија, државната енергетска компанија извести дека имале рекордно користење на електрична енергија во вторникот, поради користење на клима уредите, додека во Албанија е воведен скратен работен ден за јавните службеници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни