Грчките власти, предводени од Министерството за внатрешни работи и Министерството за култура, работат на воведување дополнителни безбедносни мерки за заштита на музеи и археолошки локалитети.
Причината за оваа одлука е загриженоста пред можен сличен инцидент како последниот разбој во Лувр во Париз.
Според грчкиот извори од март следната година ќе бидат интегрирани околу 300 специјални чувари во рамките на полицијата (EL.AS.) за заштита на културното наследство.
Вкупниот број на нови специјални чувари би можел да достигне 900, од кои дел ќе бидат специјализирани за чување на музеи и археолошки локалитети.
Овој потег ја одразува зголемената загриженост за заштитата на културното наследство во услови на меѓународна нестабилност и можни напади или кражби.