Грчките земјоделци ќе паузираат со блокадите

Синдикалните лидери веќе планираат координација за целосна блокада на главните автопати и потенцијално проширување на протестите

Грчките земјоделци објавија дека времено ќе престанат со блокадите на граничните премини Евзони и Ники до петок, со цел да овозможат непречен сообраќај за новогодишните празници.

Одлуката на земјоделските синдикати да ги повлечат тракторите од коловозните ленти на клучните гранични премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) претставува тактички потег за зачувување на јавната поддршка.

Ова „примирје“ доаѓа во критичен момент за туризмот, овозможувајќи им на илјадници граѓани да патуваат за Нова година, додека земјоделците ги консолидираат своите редови за најавената ескалација по празниците, особено во регионот на Централна Македонија во Грција.

Иако моменталната слика на Евзони е мирна, најавите за првиот викенд во јануари се загрижувачки. Синдикалните лидери веќе планираат координација за целосна блокада на главните автопати и потенцијално проширување на протестите кон пристаништата како Солун и Волос. Доколку владата не излезе со итен пакет мерки за време на овој краток „одмор“, се очекува тракторите повторно да го блокираат коридорот север-југ, што би предизвикало сериозни нарушувања во синџирот на снабдување и транспортот веднаш по завршувањето на празничниот викенд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни