Многу македонски државјани изминативе недели се соочуваа со проблеми при патување кон или од Грција, поради блокади на граничните премини од страна на грчките земјоделци.
Сепак, грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември до недела, 4 јануари 2026 година
Ова значи дека македонските граѓани ќе можат без проблеми да патуваат кон Грција за Божиќните и новогодишните празници, како и за нивното враќање дома.