Проекцијата ќе се одржи во понеделник, 23 јуни, во 20:00 часот, во Кинотеката на Северна Македонија. Филмот е во режија на Орфеас Переѕис, а продуценти се Константинос Василарос и Александар Гаврас.
„Ривиера“ ја освои наградата од жирито на Меѓународната федерација на филмски критичари (FIPRESCI), наградата FOS за најдобра изведба, наградата ERT (грчка радиодифузна корпорација) како и наградата за најдобра актерска изведба „Орфеј“ на грчкиот филмски фестивал во Лос Анџелес во 2025 година.

Влезот за проекцијата на „Ривиера“ е бесплатен.
Овогодишната Недела на Франкофонски филм ќе се одржи во Кинотека од 23 до 30 јуни 2025 година со богата филмска програма. Настанот е во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Скопје, во соработка со амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија, Франција и Канада.
