Грчки „остров на бесмртните“ на кој луѓето не знаат за болести и стрес

За овој остров велат дека е „правиот мали рај на земјата – здрав начин на живот, енергични луѓе, опуштена атмосфера, свежа и вкусна храна, недопрена природа…“

Ден Битнер, познат автор и експерт за здрав живот, неодамна сподели интересни детали за единствено место каде луѓето живеат многу долго и здраво. Битнер е творец на концептот „плави зони“ – региони во кои долговечноста на населението е значително над просекот.

„Проучувајќи култури на долг живот, издвоивме девет клучни правила за долг и здрав живот“, се наведува на неговата официјална веб-страница, пишува „Express“.
На својот TikTok, Битнер говореше за Икарија, мало грчко острово со помалку од 9.000 жители, населено уште од 7.000 година пред нашата ера.

Островот, кој го нарекуваат „најсреќно на светот“, има 300 сончеви денови годишно.

„Икарија е веројатно најнеобичната плава зона, сместена недалеку од турскиот брег. Зачудувачки е што жителите тука се пет пати поретко болни од деменција во споредба со САД и не само што живеат подолго, туку до крајот на животот остануваат ментално бистри“, истакнал тој.

Како пример, ја раскажал приказната за Стаматис Моритис, човек кој му бил дијагностициран рак во Америка, поради што се вратил на родното острово. Противно на сите прогнози, продолжил да живее уште 35 години, пренесува Nova.rs.

„Не сме сосема сигурни која е тајната на нивната долговечност, но веруваме дека билните чаеви играат важна улога. Наместо кафе, тие секојдневно пијат чаеви од рузмарин, оригано и нане“, објаснил Битнер.

Битнер вели дека специфичниот начин на живот на жителите е благотворен и додава: „За разлика од другите грчки места, овде луѓето живеат многу самостојно.“

Исто така, додал дека сите имаат свои градини и се грижат за себе, што може да придонесе за нивната долговечност. По објавувањето на видеото, многу корисници на TikTok, вклучувајќи ги и самите жители на островот, ги потврдиле неговите тврдења.

„Јас сум од Икарија и мислам дека долговечноста има врска со исхраната и стилот на живот. Кај нас многу се пешачи. Дури и моите прабаба и прадедо, кои имаат над 90 години, сè уште пешачат секаде“, напишал еден корисник.

Друг мештанин споделил своја приказна:

„Мојот прадедо живееше 108 години, ги имаше сите заби, никогаш не носеше наочари ниту користеше стап, сам живееше на четвртиот спрат и секојдневно планинареше. Обожаваше млеко и домати.“

И туристите кои го посетиле островот се согласиле дека Икарија е посебно место.

„Храната е многу поквалитетна отколку во САД. Секое утро јадев јогурт со мед, што дома никогаш не го правам. Скоро и да не јадат месо и избегнуваат шеќер, но затоа сите имаат некаква страст или хоби. Грчко „остров на бесмртни“ на кој кој луѓето не знаат за болести и стрес. Вежбаат секој ден – пешачат, возат велосипед или работат во градина“, раскажал еден посетител.

За овој остров велат дека е „правиот мали рај на земјата – здрав начин на живот, енергични луѓе, опуштена атмосфера, свежа и вкусна храна, недопрена природа…“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни