Грчката полиција разби банда за убиства, експлозии, изнуди, нелегалено производство на тутун

Грчката полиција разби криминална организација за нелегално производство и трговија на тутунски производи, а од понатамошната истрага било откриено дека членовите стојат и зад убиства, изнуди, експлозии, физички напади, при што уапсени се 47 лица, а штетата за земјата е над девет милиони евра поради избегнатите даноци, јави дописничката на МИА од Атина.

Директорот на Управата за борба против организиран криминал, генерал-потполковник Фотиос Дуицис објасни дека првично работеле на разбивање на криминалната организација со меѓународен карактер кои произведувале и пакувале голема количина тутунски производи.


Но, од истрагата произлегло дека не станува збор за обичен случај, посочувајќи дека има јасна поврзаност меѓу незаконските активности, како што е шверцот со цигари, со извршувањето на кривични дела како што се убиства, изнуди и тепања, со цел преовладување и консолидирање на доминацијата на криминалните организации над „потенцијалните конкуренти“.

Портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду, на денешната прес-конференција рече дека на операцијата што била спроведена на 6 и 7 март ѝ претходела повеќемесечна истрага на надлежните служби, а освен уапсните 47 лица, во предметот се вклучени уште 106 други лица.

„Вкупниот износ на избегнати даноци се проценува на 9.740.533 евра, од кои 7.466.995 евра се однесуваат на посебен данок на потрошувачка и 2.273.538 евра за данок на додадена вредност“, посочи портпаролката на грчката полиција.

Дополнително, додаде дека при претресите извршени за време на операцијата во Атина, Солун, во Тесалија, во централна и западна Грција биле пронајдени и одземени: 28,2 милиони цигари; 936 килограми тутун; 24,39 тони тутун; 166.039 евра, пет пиштоли; 74 мобилни телефони; 32 автомобили; осум камиони; мотоцикл; машини за преработка и пакување на тутун. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни