Според билтенот на МВР, гранатата била забележана во водата на длабочина од еден метар, на околу 10 метри од кејот.
По преземените активности од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за минофрлачка граната од Првата светска војна со калибар од 75 милиметри.
Истата, заедно со претставник од нуркачкиот клуб за подводни дејности Охрид, безбедно е подигната за натамошна постапка.