Гран-при за оркестарот „Александар“ од Австрија, „Гајдата на Пеце“ за Александар Ангелов од Штип на 51. фестивал „Пеце Атанасовски“

Оркестарот „Александар“ од Виена е добитник на гран-при наградата за најдобри изведувачи на годинашниот 51. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој вчера и денеска се одржуваше на Рудина, Долнени, лулката на гајдаџиството во Македонија. На фестивалот двата дена учествуваа околу 300 изведувачи од земјава и од странство.

-Ние сме среќни што наоѓаме начини да ја негуваме оваа музика. Првпат во дијаспората може секој да дојде и да го учи изворниот македонски мелос. Настапуваме насекаде и ја шириме македонската музика и таа убава енергија, изјави Александар Арабаџиев кој го води оркестарот „Александар“ во Виена.

Младиот гајдаџија Александар Ангелов од Штип е добитник на наградата „Гајдата на Пеце“ што ја доделува Општина Долнени. Вели дека цел живот е со звуците на гајдата.

-Гајдата за мене има големо значење. Пораснав со тој звук, свиреа моите предци и мојот татко. Ќе продолжам да ги негувам овие волшебни звуци, изјави Ангелов.

Околу 300 изведувачи на изворниот мелос од Македонија и од странство на Рудина, Долнени, викендов ги разлеваа традиционалните звуци.

Фестивалското жири за особени изведби додели и 10 статуетки со патронот на Фестивалот, три гајдарки и дипломи на сите учесници.

Во рамките на фестивалот се одржаа Семинар за изучување на изворниот мелос и Симпозиум „Фолклорот во минатото и денес“. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни