Граѓаните рагираат на веста дека општина Карпош ја исчистила депонијата околу Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
-Оваа вест е лажна. Само што се вратив од прошетка и поминав токму покрај ѓубрето. Огромно ѓубриште се наоѓа на просторот што го покажувате. Рампата е скршена повеќе од десетина дена- вели во реакцијата до Трн една Скопјанка.
Општина Карпош денес излезе со соопштение дека спровеле сериозни активности за уредување на јавните површини. Дивите депонии на повеќе локации велат дека се расчистени, а просторот околу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е целосно исчистен. На потегот кај „Скупи 5“ и кон Бардовци според нив се подигнати над 3.500 кубни метри отпад, информираат од општината.
Покрај тоа, од општината велат дека се реализирани повеќе од 50 интервенции на јавното осветлување, спроведена е редовна дератизација и одржување на противпожарната инфраструктура во училиштата и градинките. Исто така, објавен е повик за стерилизација на улични мачки, а во училиштата започнаа активности за производство на компост и намалување на аерозагадувањето.