Стотици граѓани вечерва на протест против работењето на „Усје“

„Стоп за Усје“ истакнува дека блокадата е мирен, но решителен протест против континуираното загадување и труење на жителите на градот

На иницијатива на Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска во 18 часот неколку стотини граѓани ја започна граѓанската блокада на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје.

Протестот велат граѓаните е одговор на, како што велат, долгогодишното жртвување на јавното здравје на граѓаните во корист на профитни интереси. „Стоп за Усје“ истакнува дека блокадата е мирен, но решителен протест против континуираното загадување и труење на жителите на градот. Според нив, институциите долго време толерираат проблем кој влијае на здравјето на граѓаните, наместо да обезбедат соодветна заштита.

Граѓаните бараат итна дислокација на цементарницата „Усје“, за која сметаат дека е причина за алармантната состојба со амбиенталниот воздух во Скопје. Населението се гуши, маглата станува секојдневен декор, особено во источниот дел на градот, а загадувањето зимава се комбинира со емисии од греењето, според студии за потеклото на загадувањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни