Граѓанската организација Стела денес оддаде почит кон ликот и делото на Фана Кочовска – Цветковиќ, најмладата партизанка Фана Кочовска – Цветковиќ, една од најмладите партизанки во Народно ослободителната борба
„Во серијата „Чуда од жени низ нашата историја“, се навраќаме на една од најсветлите и најхрабрите фигури од македонското ослободително движење – Фана Кочовска-Цветковиќ. Таа е симбол на младешка храброст, женска отпорност и бескомпромисна борба за слобода. Со неполни петнаесет години во 1941 г. била активна припадничка на македонското националноослободително и комунистичко движење, односно била младинска активистка и член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ
Подоцна станала младинска раководителка во Баталјонот „Стив Наумов“ и со него учествувала во славниот Февруарски поход. Таа е прогласена за најмлад народен херој во цела некогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Денес, се сеќаваме на Фана не само како на најмладата народна хероина во некогашна СФРЈ, туку и како на инспирација – за секоја млада жена која верува во правда, слобода и подобар свет. Нејзината приказна е потсетник дека промените често започнуваат токму од најмладите и најнепокорните“ се наведува во објавата на социјалните мрежи.
Фана Коловска – Цветковиќ била родена на 27 јули 1927 година во селото Лавци во близина на Битола, а починала на 17 април 2004 година во Скопје.