Графити – Душата на ѕидовите

„Графитите се идентитет на градот. Спротивставување на едноличноста на просторот и создавање на ѕидови со душа. Ако нема графити тоа значи дека е тажно општеството“ – вели Драган Китановски Драш, уметник кој својот печат го остава на скопските ѕидови. Уметност создадена од љубов и убави чувства. Тоа е неговиот израз на слобода.

Графитите се начин на изразување на сопствениот став низ уметност. А колку се тие моќно оружје против системот?
„Моќно е толку колку што е искрено и вистински“- зборува Драш додека низ населбата Карпош бараме ѕидови со душа за да создаде уште една нова отворена уметничка галерија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни