Графит со говор на омраза на киното Маџари

Графит со напис „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ осамна на зградата на киното Маџари во Општина Гази Баба.

Вo населба Маџари, Општина Гази Баба, киното Маџари доби нов лик со голем и видлив графити: МРТОВ ШИПТАР, ДОБАР ШИПТАР („Шиптар“ се смета за погрден и навредлив назив за Албанците кога се користи во другите јазици).

Овие графити се видливи од улицата, упатувајќи недвосмислена порака до сите кои поминуваат од таму и „гордо“ го претставува дискурсот на етничката омраза што им се наметнува на граѓаните.

Говорот на омраза не е замрен, но очигледно се работи за релативно ново четиво за сите кои што поминуваат покрај киното, но и за оние кои се собираат во вечерните часови пред него.

Инаку, кино Маџари е познато по барем две манифестации кои се одржуваат под покровителство на Општината. На 15 јули тука на платото пред киното се одржа меѓународна фолклорна манифестација, а предновогодишно се организира базар, како и новогодишните забави.

Извор: ЦивилМедиа

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни