Вечерва со почеток во 19,30 минути во Музејот на македонската борба, годишен концерт ќе одржи Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје. На програмата на концертот кој е насловен како „Македонски хорски мајстори“, ќе бидат застапени дела од македонски хорски композитори. На овој начин велат организаторите, „хорот ја продолжува заложбата за презентација на богатото македонско хорско творештво“.
Концертот е под диригенство на маестра Јасмина Ѓорѓеска Каро.
Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје во изминатиот период од 24 година во континуитет и со голем ентузијазам неуморно работи и ја презентира хорската музика, како во нашата земја, така и во странство постигнувајќи успеси и добивајќи значајни признанија и награди.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија.