Градска пешачка тура: ,,Нашиот пат” денес во Скопје

Турата ќе се одржи во понеделник со почеток во 19:30 часот и ќе биде предводена од кураторката Бојана Јанева. Јанева е историчкарка на уметност и лиценцирана водичка со долгогодишно искуство во специјализирани тури за Скопје.

Денес, во организација на здружението Tiiiit.Inc, ќе се одржи градска пешачка тура Мапирање на женското културно наследство “Нашиот пат” – прошетка по местата од кои важни жени од нашата историја замислуваа и создаваа подобар свет, која раскажува друга приказна за настанувањето, просторното планирање, политиките и животот на/во градот Скопје.

Турата ќе се одржи во понеделник со почеток во 19:30 часот и ќе биде предводена од кураторката Бојана Јанева. Јанева е историчкарка на уметност и лиценцирана водичка со долгогодишно искуство во специјализирани тури за Скопје. Прошетката ќе трае еден час, а со оглед на високите температури се препорачува заштита на главата, очите и кожата. Ќе биде обезбедено освежување.

За пријавување треба да се пополни следниот формулар, по кој учесниците ќе бидат контактирани од тимот. Бројот на учесници е ограничен.

https://forms.gle/FnMhpnWV8pB2baEf9

Турата ќе биде фотографирана, а се замолуваат учесниците кои не сакаат да бидат фотографирани да го известат тимот претходно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни