Градското собрание на Загреб по итна постапка го вклучи во дневниот ред предлог-заклучок со кој се забранува користење на симболи, слогани или пораки кои го величаат, поттикнуваат или одобруваат национална, расна или верска омраза. Меѓу нив е и уставниот спорен поздрав „За дом спремни“.
Заклучокот се базира на антифашистичките темели на Република Хрватска запишани во Уставот, како и на ставовите на Уставниот суд на Хрватска и Европскиот суд за човекови права, според кои употребата на поздравот „За дом спремни“ не ужива заштита на слободата на изразување бидејќи содржи пораки кои поттикнуваат омраза врз основа на националност, раса и верска припадност.
Градоначалникот Томислав Томашевиќ веќе најави дека ќе се забрани скандирањето на „За дом спремни“ на концертите во Загреб, вклучително и на концертот на Марко Перковиќ Томпсон за 28 декември. Мерката има за цел да спречи повторување на сцените од јули годинава на хиподромот, кога се скандираше овој поздрав.
Дополнително, во дневниот ред е вклучено и разгледување на состојбата на пазарите во Загреб, поради неодамнешното урување на таванот на пазарот Долaц и преселувањето на дел од пазарот на Европскиот плоштад.
