Градот низ очите на жените – Ивана Дракулевска, активистка, зборува за безбедност и слобода во јавниот простор

Проектот „Преосвојување на јавниот простор преку феминистичка урбанистичка интервенција“ има за цел да ги слушне и прикаже овие искуства, да покаже како жените го доживуваат градот и да отвори разговор за тоа што му недостасува на Скопје за да стане поинклузивен и побезбеден за сите.

Јавниот простор во Скопје е место за движење, средби и секојдневен живот, но за многу жени тој не е секогаш чувство на безбедност. Недоволното осветлување, непристапните улици, празните паркови и јавниот превоз што не нуди доволна сигурност често создаваат средина во која стравот влијае на тоа како и каде се движат жените.

Проектот „Преосвојување на јавниот простор преку феминистичка урбанистичка интервенција“ има за цел да ги слушне и прикаже овие искуства, да покаже како жените го доживуваат градот и да отвори разговор за тоа што му недостасува на Скопје за да стане поинклузивен и побезбеден за сите.

Градот низ очите на жените – Ивана Дракулевска, активистка

Ивана вели дека најбезбедно се чувствува во паркови, во шумата на Водно и во пешачки зони како ГТЦ, Лептокарија и Бисер – места без автомобили и со повеќе простор за пешаци.

Од друга страна, како најризични ги издвојува подвозниците, слабо осветлените улици и избледените пешачки премини, особено навечер. Проблематичен го посочува и мостот меѓу Ист Гејт Мол и Железничка.

„Навечер по 17 часот, кога нема семафори и пешачките премини се избледени – со Господ напред ја поминувам улицата“, вели Дракулевска.

Според неа, градот не е направен по мерка на граѓаните. Како решение предлага повеќе безбедни пешачки и велосипедски зони, поврзани велопатeки низ сите општини, повеќе зелени површини и брз јавен транспорт што ќе го поврзе Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни