Викендов во Битола во организација на фестивалот „Акто 19“ и платформата „Силата ЕУ Младите“ се одржа целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“.
На битолски широко сокак во кафе барот Јагода, во одлична атмосфера посетена од бројни битолчани од различна генерација беше промовирано винил изданието „Поп- Култура“. За музичкиот избор беа задолжени младите скопски диџеи Dimchuga, GLV и Kekikj кои за прв пат се преставија пред битолска публика.
Вечерната програма во клубот Јагода продолжи во полна сала публика која уживаше и танцуваше на музиката на младите музичари, претставници на современата македонска поп, рок, инструментална краут рок и електронска музичка сцена.
Покрај Димитра, како претставник на локалната музичка сцена, публиката во Битола за прв пат имаше можност да ги чуе во живо на свој терен The Local Blue, Занаду и Поетроника. Мартина Пенева и Joss зад диџеј пултот ја одржуваа атмосферата за танц до раните утрински часови.