Градот како сцена: видео-ретроспектива на активирањето на киното во Железничката зграда

Платформата „Градот како сцена“ документира една година просторно-перформативни практики и отвора дебата за еколошки и заеднички иднини
Screenshot, Facebook

Во рамки на платформата за просторно-перформативни практики „Градот како сцена“, беше изработено видео кое ги сумира активностите реализирани во киното во Железничката зграда во периодот декември 2024 – декември 2025. Видеото претставува визуелна ретроспектива на еден континуиран процес на истражување, активирање и преосмислување на јавниот простор како место за уметност, заедништво и критичка рефлексија. Видеото можете да го погледнете на следниот линк.

Платформата „Градот како сцена“ функционира како интердисциплинарна рамка што ги поврзува урбаната практика, уметноста, културата и локалните заедници, со фокус на активирање на запоставени или недоволно користени простори во градот. Еден од клучните фокуси во овој циклус беше токму киното во Железничката зграда, третирано како потенцијален заеднички простор од јавен интерес.

Еколошки иднини како централна тематска рамка

Активностите се реализираа во рамки на тематската линија „Градот како сцена: Еколошки иднини“, која се занимава со еколошките и социјалните предизвици поврзани со климатските промени и современите општествени трансформации. Проектот ги здружува актерите од урбаната практика, уметноста и културата, заедно со жителите на соседството, во обид да се истражат конкретни локални проблеми и да се развијат одржливи социо-еколошки стратегии.

Сознанијата и искуствата од овие соработки се документираат во постојано растечки комплет алатки, кој функционира и како „анархива“ на знаење и како практичен ресурс за примена во други урбани контексти. Проектот е во рана фаза на развој, но е замислен како долгорочен процес што ќе се имплементира во различни градови низ светот, обликуван од локалните иницијативи и работа на терен.

Широка мрежа на меѓународни и локални партнери

Платформата „Градот како сцена“ се реализира во партнерство со: Гете-институт Скопје, Архитектонски факултет – УКИМ Скопје, Списанието за архитектура и урбанизам ARCH+, ZK/U – Институт за уметност и урбанизам – Берлин, Пловечки универзитет – Берлин, Факултетско студентско собрание при Архитектонски факултет – УКИМ, Факултетско студентско собрание при Архитектонски факултет – УКИМ, Институт за уметност и театар од Чешка – Прашко квадриенале (PQ), Факултетско студентско собрание при Архитектонски факултет – УКИМ, Институт за уметност и театар од Чешка – Прашко квадриенале (PQ), Shadow Casters – Загреб, Факултет за драмски уметности – УКИМ Скопје, Факултет за технички науки – Нови Сад (Отсек за уметност и дизајн), FONTYS Универзитет за уметност – Тилбург, катедра за мастер студии Performing Public Spaces

Локален партнер на проектот е Лабораторијата за просторно изведувачки практики „Градот како сцена“, во рамки на програмите на платформата за современа уметност и култура „Факултет за работи што не се учат“, како дел од АКТО – Фестивалот за современи уметности.

Еден од главните цели на оваа платформа е долгорочно активирање на киното во Железничката зграда како функционален, отворен и корисен јавен простор за пошироката заедница. Преку настаните, работилниците и перформативните практики, се иницираат идеи и визии за тоа како овој простор може да се користи, одржува и развива во иднина – не само како културна локација, туку и како место на заедничко учење, социјална интеракција и урбана грижа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни