Градот Њујорк контра администрацијата на Трамп

Федералната управа за патишта соопштила дека патарината од девет долари за повеќето возила кои влегуваат во Менхетн мора да биде прекината до 21 март

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп му даде рок на градот Њујорк до следниот месец да ја испочитува наредбата за укинување на наплатата на патарини за возење по Менхетн.

Во исто време, градските официјални лица соопштиле дека ќе продолжат со програмата за наплата на патарини, која има за цел да го намали сообраќајот и да ги зголеми приходите.

Федералната управа за патишта соопштила дека патарината од девет долари за повеќето возила кои влегуваат во Менхетн мора да биде прекината до 21 март, се вели во писмото доставено до американското Министерство за сообраќај во средата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни