Градоначалникот Костадин Костадинов контра Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ): Водата за пиење во Струмица е исправна за пиење

Во исчекување на резултатите од Институтот за јавно здравје – Скопје продолжуваме со активностите за водоснабдување на граѓаните со питка вода се до моментот кога инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство ни даде решение дека водата официјално е за пиење

ЈПКД „Комуналец“ објави 16 микрообилошки анализи изработени од страна на акредитирани лабаратории и во сите стручното мислење е дека испитаниот примерок на вода е здравствено исправен согласно Правилникот за безбедност на водата.

-Само резултатот од анализата направена од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје ја немаме добиено, а за која од страна на медиумите дознавме дека не одговара на Правилникот за безбедност на водата поради присуство на колиформни бактерии.Во исчекување на резултатите од Институтот за јавно здравје – Скопје продолжуваме со активностите за водоснабдување на граѓаните со питка вода се до моментот кога инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство ни даде решение дека водата официјално е за пиење, се наведува во објавата на струмичкото комунално претпријатие.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека водата за пиење во Струмица не е исправна  заради присуство на колиформни бактери. На ова одговори градоначалникот Костадин Костадинов кој на својот фејсбук профил објави дека одговорно тврди оти водата во Струмица е исправна и хемиско-физичкиот состав и микробиолошки, а тоа ќе го докажале резултатите кои денеска се објавени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни