Град во кој ноќевање во хотел со пет ѕвезди чини само 45 евра – за двајца

Ња Чанг (Nha Trang) е популарен туристички град на југот на Виетнам, во провинцијата Кан Хоа. Сместен е покрај брегот на Јужното Кинеско Море и се гордее со долги песочни плажи кои се идеални за капење, сончање, нуркање и водени спортови како парасајлинг. Но, покрај плажите, вреди да се истражи и магичната архитектура и историја на овој град – древни хиндуистички и будистички храмови, жив ноќен живот и богата локална гастрономија.

Особено се препорачува да се проба традиционалната виетнамска кујна, со акцент на јадењата од риба и морски плодови. Иако Ња Чанг располага со бројни луксузни хотели, цените за ноќевање се изненадувачки достапни, особено ако се споредат со оние во Европа или западниот свет.

На пример, ноќевање за две лица во двокреветна соба во хотелот и спа центар Emerald Bay во Ња Чанг чини само 1.220.000 виетнамски донги – или околу 45 евра по ноќ.

Овој хотел со пет ѕвезди (понекогаш класифициран и како 4,5 ѕвезди) на своите гости им нуди пристап до приватна песочна плажа, хотелски базени, врвни ресторани, спа центар, теретана и бројни други содржини.

Во друг популарен хотел со пет ѕвезди, Vinpearl Beachfront, цените за двокреветна соба се нешто повисоки – околу 64 евра по ноќ за две лица.

Ња Чанг е совршена дестинација за оние кои бараат егзотика, опуштање и луксуз – без да го испразнат паричникот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни