Во објавата на социјалните мрежи, освен детали, стои и објаснување зошто собирот е закажан токму на таа локација.
,,Зошто се собираме пред Собранието? Затоа што не молчиме. Затоа што имаме барања што не може да чекаат. Затоа што демократијата не оди на одмор”, се вели во објавата.
Истовремено се повикуваат граѓаните со себе да донесат столче, бидејќи како што велат организаторите, настанот ќе трае се додека сите заинтересирани ѓраѓани не го кажат својот став.
,,Ако имаш што да кажеш – подготви го дома и кажи го пред сите. Не чекај да те повикаат. Нека ова биде твој повик!”, пишува во денешната објава.
Протестите се последица на незадоволството и револтот на граѓаните по катастрофалниот пожар во Кочани, во кој загинаа 59 млади луѓе, а близу 200 се повредени.