Граѓаните на Нови Сад му оддадоа почит на Вукашин, 16 жртва од уривањето на железничката станица

Жителите на Нови Сад синоќа му оддадоа почит на 18 – годишниот Вукашин Црнчевиќ, 16-та жртва од уривањето на насрешницата на железничката станица.

Вукашин, кој беше тешко повреден при уривањето на настрешница на Железничката станица во НОви Сад, почина по четири месеци и 20 дена борба за живот, станувајќи 16-та жртва на трагедијата што со месеци предизвикува протести на студентите и граѓаните во Србија.


„И покрај сите преземени мерки за лекување и максималната посветеност на персоналот на ВМА, пациентот им подлегна на сложените поврди и последователните компликации. Упатуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопштија од Воено медицинската академија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни