Граѓаните на Кочани децидни: Стоп за труење на децата!

Кочанчани се децидни и бараат поништување на одлуката, не се согласуваат губрето од соседните општини да завршува на градската депонија во Кочани

Граѓанскиот протест против депонијата во Кочани продолжува.

Иако граѓаните и еко активистите од Кочани и регионот ја тргнаа блокадата за кочанските комунални возила тврдејќи дека не прифаќаат ѓубрето од другите општини да се носи кај нив, сепак впечаток е дека нема решение за проблемот.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека не е опција да се вратат веќе згаснатите депонии во околните општини и дека ѓубрето ќе мора да се носи и понатаму.

-Обврската на трите општини да го носат отпадот на таа локација останува се до воспоставувањето на регионалната депонија, велат од Министертвото.

Вицепремиерот Александар Николовски изјави дека Владата ќе обезбеди средства за уредување на депонијата во Кочани но не кажа ништо за барањето на кочанчани.

Се до изградбата на прва регионална депонија во Свети Николе Владата нема друго решение.

Николовски спротивно на мислењето на граѓаните рече дека мора да се изградат депониите.

-Имаме проблем со депонии на ниво на држава и мора да се изградат регионални депонии коишто ќе бидат уредени. Состојбата со депонијата во Кочани е таква каква што е, рече Николовски.

Протестот на граѓаните и блокадата на локалниот пат кој води до депонијата продолжува. Кочанчани се децидни и бараат поништување на одлуката, не се согласуваат губрето од соседните општини да завршува на градската депонија во Кочани.

Дали на повидок е еколошка бомба со здравствени последици е прашањето кое се отвора сега од црвената зона во која се наоѓа државата, а посебно истокот, каде ситуацијата со депонијата е алармантна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни