Заедничка акција на жителите на Дојран

Граѓаните го враќаат животот на Дојранското крајбрежје

Ни фали малку за да живееме поубаво, поекономично и да имаме повеќе гости. Езерото како една еко – средина, сето она што не му одговара го исфрла на крајбрежјето. Кога би се исчистило тоа, Дојран ќе има повеќе посетители. Ние превзедовме граѓанска иницијатива, седнавме, договоривме да ги собереме граѓаните кои што го сакаат Дојран, механнички да се исчисти цела обала, да се донесе песок и да се плаќаат луѓе за одржување на крајбрежјето. Ако не се одржува, сето тоа пропаѓа. Ние сме мала општина, со мал капацитет и ако не помогнат граѓаните, ќе си остане како што е, а вака со иницијатива, фактички нашиот двор ние да си го средиме, нема да дојде никој од страна да ни го среди дворот, ако ние не се ангажираме.

Дојранското езеро, сместено во Дојранската котлина помеѓу ридовите Круша, Карабали, Боксија и планината Беласица, е едно од многуте природни убавини во земјава. Топлата клима и езерото го прават Дојран идеален за совршен одмор. Сепак, најмалото природно езеро кај нас веќе одамна не ги живее деновите на туристички процут и го нема местото кое го заслужува на туристичката мапа на земјава и на Балканот. А Дојран има многу што да понуди. Од убава клима, топло езеро, прекрасна природа, вкусна храна и гостопримливи домаќини. Недостасуваат мали нешта за да се остварат големите планови на жителите на Дојран за успешна туристичка сезона. Пред се да се уреди крајбрежјето на езерото.

-Луѓето од Езерото живеат претежно од туризмот. Дојран е моментално како небрусен дијамант, што нема некоја вредност. Кога ќе се избруси дијамантот имаме вредност. Значи ни фали малку за да го избрусиме Дојран, односно крајбрежјето на езерото за да живееме поубаво, поекономично и да имаме повеќе гости. Езерото како една еко- средина, сето она што не му одговара го исфрла на крајбрежјето. Кога би се исчистило тоа, Дојран ќе има повеќе посетители. Ние превзедовме граѓанска иницијатива со претседателите на општинските организации. Седнавме, договоривме да ги собереме граѓаните кои што го сакаат Дојран, граѓаните кои што имаат викендици, апартмани и кои што еднодневно го посетуваат Дојран, да земеме механички да се исчисти цела обала, да се донесе песок и да се плаќаат луѓе за одржување на крајбрежјето. Ако не се одржува, сето тоа пропаѓа. Во секоја една работа, кога нема одржување работата пропаѓа и нема ефект. Сега сме во фаза на комплетирање на барањето до Советот на општина Дојран, да ни овозможи, да ни даде согласност на активностите кои сакаме да ги преземеме за да го избрусиме дијамантот, а тоа е крајбрежјето – вели за Трн Зоран Васинович од Сретеново, Стар Дојран

Зоран Васинович – Сретеново, Стар Дојран

Езерото, вели тој, е една био средина која има растителен и животински свет кој живее и со тек на време изумира. Во период на ветрови, сето она што не е живо се исфрла на крајбрежјето. Тогаш доаѓа до фаза на гниење, и таа е таа миризба што меѓу народот се вика езерото мириса, вели Зоран.

-Не мириса езерото, мириса тоа што езерото го исфрла. Кога би се исчистило тоа, кога би го немало тој мирис, ние би имале златна средина, и би можел секој да прошета покрај езеро. Тоа е нашиот план, да се ичисти, да се стави песок, особено сега кога ќе го стават во функција и хидросистемот за одржување и дополнување на езерото. Министерството за животна средина предзема активност, така да кога би доаѓала водата, би доаѓала на чисто, но во моментот мора одржување со помош на граѓанска иницијатива- вели Зоран.

Жителите на Дојран не бараат пари ниту помош од државата и од општината. Тие велат, можеме и сакаме сами да го средиме крајбрежјето и тоа е само наша обврска.

-Ние сме мала општина, со мал капацитет и ако не помогнат граѓаните, ќе си остане како што е, а вака со оваа иницијатива, фактички нашиот двор ние да си го средиме, нема да дојде никој од страна да ни го среди дворот, ако ние не се ангажираме – вели Зоран.

Самопридонесот на граѓаните од Дојран не се состои само во учеството во акции за чистење, туку и во создавање на нови решенија за заштита на езерото. Дојранското езеро може да се гордее со со оваа активна и свесна заедница која е посветена на одржувањето на еколошката рамнотежа во регионот. Жителите на Дојран работат неуморно на заштита на ова природно богатство, на обезбедување на неговата долгорочна одржливост, за себе и за идните генерации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни