Граѓаните ги бојкотираат маркетите

Фото: Мета.мк

Граѓаните денес ги бојкотираа ланците паркети поради високите цени на производите и неможноста да ги издржат поскапувањата, што резултираше со намален број на купувачи.

Како што објави Мета.мк, денес можеа да се забележат полни рафтови со продукти, но без или, пак, со мал број купувачи.

Граѓаните се одзваа на повикот за бојкот, со што им порачаа на сопствениците на маркети дека цените се превисоки за нивниот стандард, пишува Мета.

Во одредени периоди од денот дел од големите маркети беа буквално без купувачи, а слична беше ситуацијата и по трговските центри, каде што паркинзите беа полни, но внатре раздвиженоста беше помала од вообичаено.

„Мислам дека бојкотот ќе ги опамети газдите. Работам само за да се прехранам и да платам сметки, платата за ништо не стасува. Цените се превисоки, ова е претерано“, изјави еден купувач за Мета.мк

Тој смета дека треба почесто да има ваков бојкот за да има ефект пораката која ја испраќа населението до сопствениците на маркети и до властите.

Според последните податоци минималната плата изнесува 22.567 денари, додека минималната кошничка пак е 63.252 денари. Анализата на Синдикатот покажува дека ако се споредат цените на кошницата со јануари годинава и со онаа на јануари минатата година тие се поголеми за нешто повеќе од шест илјади денари.

Минатата недела, во Хрватска граѓаните бојкотираа продавници, трговски синџири и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените. Иницијативата потекна од Фејсбук-групата „Ало, инспекторе“, а ја поддржаа здруженија за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, па дури и министерот за економија. Во Хрватска инфлацијата продолжува да расте, а државата е меѓу трите земји на ЕУ со највисока инфлација. Ваков бојкот имаше и во Црна Гора.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни