Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, граѓаните ќе уживаат во сончевотро и топло време. Од УХМР соопштуваат дека ќе има мала до умерена опблачност и дека ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.тер од северен правец.
Во нашата држава во наредните денови температурите ќе се движат од 32 до 36 степени
Метереолозите велат дека пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Македонија во следните денови ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има, односно, што значи дека се работи за умерен топол Африкански бран.
Времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Можни се сосема мали исклучоци, односно повремено и локално можно е да дојде до сосема мала дестабилизација на атмосферата, со што само накратко ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд.
И во Скопје и околината следува период на многу потопло и стабилно и суво време, а ќе има и многу повеќе сонце.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во значителен пораст, како утринските така и максималните дневни температури на воздухот. Преку ден тие на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени, а повремено на повеќе места ќе надминуваат и 30 степени. во Повардарието тие ќе се искачат и до 35 степени.
Не се исклучува можноста повремено температурите во Повардарието да се искачат и за само некој степен над 35 степени.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено до многу висока вредност, и ќе изнесува вредност помеѓу 7 и 8.