Гостин од далеку: Што ни откри меѓуѕвездена комета на пат низ нашиот Сончев систем?

За науката, 3I/ATLAS е природен времеплов, шанса да видиме како изгледа космичката хемија пред милијарди години.

Во јули 2025 година, астрономите забележаа нешто навистина необично, комета означена како 3I/ATLAS, која доаѓа од друг ѕвезден систем и за првпат влегува во нашиот Сончев систем. Тоа е само третиот потврден меѓуѕвезден објект што сме го „виделе“ и сега таа добива неверојатно внимание.

Мисиите на NASA, од орбитални сонди до телескопи, ја следеа кометата додека поминуваше покрај Марс и продолжуваше кон внатрешноста на Сончевиот систем.

Новите фотографии и спектрални податоци покажуваат дека 3I/ATLAS има необична хемија и состав различен од кометите што потекнуваат од нашиот Сончев систем.

Таа не е опасност за Земјата, но е можност да ја погледнеме материјата од друга ѕвезда, да разбереме како се градат планети и комети на други места во галаксијата и што значи да си „гостин“ во туѓа ѕвезда.

За науката, 3I/ATLAS е природен времеплов, шанса да видиме како изгледа космичката хемија пред милијарди години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни