Горивата повторно поскапуваат!

Регулаторната комисија за енергетика со нова одлука – бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени на бензинските пумпи низ земјата.

Од вечерва, граѓаните повторно ќе плаќаат повеќе за гориво. Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цените на горивата се зголемуваат, а новите тарифи ќе важат од полноќ.

Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за 1,5 денар, додека Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за 2 денари по литар. Новите цени се резултат на растот на референтните вредности на нафтените деривати на светските берзи, како и на курсот на доларот во однос на денарот.

По промената, цените на горивата ќе изнесуваат:

  • Еуросупер БС-95 – 79,5 денари за литар
  • Еуросупер БС-98 – 81 денар за литар
  • Еуродизел (Д-Е V) – 77 денари за литар

Од РКЕ наведуваат дека трендот на поскапување е последица на геополитичките фактори и нестабилноста на глобалните енергетски пазари, а од Министерството за економија додаваат дека цените ќе продолжат да се следат на дневна основа за да се избегнат дополнителни шокови.

Во јавноста веќе пристигнуваат реакции од транспортните компании и граѓаните, кои предупредуваат дека новиот раст на цените може да предизвика синџирен ефект врз другите производи и услуги, особено во период на зголемени животни трошоци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни