„Горилаз“ доаѓаат во Загреб на „INmusic“ фестивалот

„Горилаз“ е виртуелен британски бенд основан во 1998 година од страна на пејачот Дамон Албарн и британскиот аниматор Џејми Хјуит

Британскиот бенд „Горилаз“ е првиот објавен изведувач на познатиот загрепски фестивал „INmusic“, објавија организаторите.

„INmusic“ годинава слави 20 години, па најавата за првиот изведувач наиде на одличен прием кај публиката.

Дваесеттото издание на најпопуларниот хрватски фестивал ќе се одржи од 22 до 24 јуни во Загреб, а сукцесивно ќе бидат објавувани и останатите изведувачи.

„Горилаз“ е виртуелен британски бенд основан во 1998 година од страна на пејачот Дамон Албарн и британскиот аниматор Џејми Хјуит. Овој виртуелен бенд го сочинуваат карактерите: 2d, Murdoc, Noodle и Russel.

Бендот зад себе има осум студиски албуми и бројни хитови како Clint Eastwood, Dare, Feel Good Inc, Stylo и многу други.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни