Таа е веројатно најстарата горила во светот, бидејќи најголемиот примат сличен на човекот во дивината ретко има над 35 години. Во заробеништво, тие можат да доживеат и до 50, па Фату се покажа како исклучително долговечна.
За роденден чуварите ја послужиле со корпа со овошје: лубеници, јагоди, сливи и боровинки. Поради шеќер и старост, Фату најчесто добива зеленчук и тоа меки плодови, бидејќи долго време нема заби.
Инаку, таа е меѓу ретките животни кои сè уште се живи во европските зоолошки градини кои дошле директно од дивината. Горилите долго време се загрозени видови поради уништувањето на шумите, нелегалниот лов и урбанизацијата.