Гори нафтено складиште во Русија: Украина изврши напад со дронови во Волгоград

Украински дронови предизвикаа пожар во нафтено складиште во Октјабрскиот округ во Волгоград, Русија. Евакуирани се жителите во близина, а украинската армија потврди низа напади на руска логистичка инфраструктура.

Напад со украински дрон предизвика пожар во руско нафтено складиште во Октјабрскиот округ, во јужниот Волгоградски регион, соопштија денеска локалните власти.

Регионалниот гувернер, Андреј Бочаров, објави на Телеграм дека нема пријавено жртви, додека луѓето кои живеат во близина се евакуирани.

Украинската армија потврди дека извршила низа ноќни напади врз руската логистичка инфраструктура, вклучувајќи нафтено складиште на руска територија и објекти поврзани со дронови на окупираните територии.

Операцијата е дел од стратегијата на Киев да ги наруши логистичките и технолошките капацитети на руската армија далеку зад фронтот, пренесуваат светските медиуми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни