Гори Националниот парк “Преспа” од албанска страна, ситуацијата е сериозна

Пламенот се заканувал да стигне до граничниот премин „Горица” и до селото Горна Горица, а во гаснењето се вклучиле и македонски хеликоптери

Голем пожар брзо се шири е во Националниот парк „Преспа“, во Албанија во близина на општина Пустец.

Пожарникари од општина Пустец, други сили од јавните служби, граничната полиција се на терен, со цел да го спречат ширењето на пожарот. Но, ситуацијата е критична поради високите температури и ветерот кој го распламтува огнот, објави Топ чанел.

Пожар од големи размери, на Сува Планина во националниот парк „Преспа” имаше и на почетокот на август минатата година, кога беше опожарената површина над 300 хектари.

Пламенот се заканувал да стигне до граничниот премин „Горица” и до селото Горна Горица, а во гаснењето се вклучиле и македонски хеликоптери.

Според Министерството за одбрана на Албанија состојбата со пожарите во земјава е загрижувачка бидејќи пожари има од југот до северот на земјата.

-Моментно има 17 активни пожари и продолжува работата за нивно изолирање и гаснење. На терен се распоредени над 1.000 воени и цивилни сили, заедно со 5 хеликоптери од армијата, како и еден од Унгарија, а од попладнево и два канадера од Италија и Хрватска, објави Пирот Венгу, министер за одбрана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни