Пожарот избувнал околу 11 часот на улицата д-р Фрањо Туѓман, во објект каде се складирани гуми. На терен интервенирале светонеделските пожарникари, а поради големината на пожарот била повикана и дополнителна помош од други противпожарни единици.
Според информациите, еден работник е полесно повреден, а пожарникарите и понатаму се борат со пламенот за да го спречат неговото ширење кон соседните објекти.
Градоначалникот Дарко Зуровец апелираше до граѓаните да не се приближуваат до местото на несреќата и да ги држат прозорците затворени поради густите облаци чад.
Надлежните служби се уште работат на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот, а ситуацијата е под контрола.
Извор:Index.hr