Екипите на противпожарната служба веднаш излегле на терен, но се уште нема официјални информации за обемот на пожарот и за евентуалната причинета штета.
Според очевидци, засега нема опасност од тоа пожарот да се прошири на околните објекти.
Гостите во туристичкиот комплекс биле евакуирани и нема повредени, а градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изјави дека поради сериозноста на пожарот помош била побарана од локалните општини.