На патниот правец Пробиштип – Кочани денеска повторно можеа да се забележат запалени стрништа.
Во видеото кое до редакцијата на Рацин го испратија загрижени граѓани кои сведочеле на палењето, се забележува дека нема противпожарни екипи. На местото на пожарот нема ниту полиција ниту, пак, инспекциски служби
Од ЦУК денеска информираа дека во текот на март оваа година, заклучно со 21 март на територијата на Македонија имало вкупно 484 пожари на отворен простор од пошироки размери.
Најголемиот дел од пожарите или вкупно 461 на отворен простор започнале од горење на стрништа, висока сува трева, нискостеблестал и деградирана шумакако и ѓубришта. Останатите 23 биле шумски пожари.
Вчера (петок 21.03.2025 година) имаше вкупно 28 пожари на отворен простор од кои 1 е сеуште активен а 27 се изгаснати.
Безмалку сите пожари започнаа од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично).
Утрово сеуште е активен пожарот во скопската депонија Дрисла.
Останатите 27 пожари на отворен простор се изгаснати, информира ЦУК.