Пожар избувна синоќа во нафтената рафинерија на „Шеврон“ во Ел Сегундо, во близина на Лос Анџелес. Според локални медиуми, огнените јазици се гледале од километри.
Властите ги повикаа жителите да останат во своите домови.
Според градоначалникот, пожарот утринава е локализиран и не претставува закана за јавната безбедност, а евакуации не биле наредени.
Компанијата соопшти дека нема повредени и дека целиот персонал е безбеден. Системите за набљудување покажале дека огнот не се проширил надвор од територијата на постројката. Причината за пожарот засега не е позната.
Причината за инцидентот сè уште не е позната, објави „Лос Анџелес Тајмс“.